Да станеме плодна почва за Божјото слово – Божествена Литургија и духовна омилија на владиката г. Партениј во Пречиста
Во благодатната атмосфера на вчерашниот неделен ден, 1 ноември, древната Богородична обител „Пречиста Кичевска“ повторно стана место на особена духовна радост, молитвено заедничарење и жива средба со Божјото слово. Имено, на срдечна покана од тамошното монашко сестринство, предводено од старешинката…











