Петок од Четвртата седмица на Великиот Пост

Св. Јован Златоуст: Секогаш кога ќе се оградуваш себеси со крстниот знак, се преисполнуваш со голема смелост и целиот себеси се предаваш во благоугодна жртва на Бога.

Св. Григориј Богослов: Кога го твориш крстниот знак, спомнувај си за сета сила на крстот, сето дело на нашето спасение и бргу ќе го изгасиш својот гнев и сите останати страсти.

Преп. Теодор Студит: Крстот Христов гордиот и високоумниот го смирува, мрзливиот го поттикнува во срцето на подвиг, расеаниот го потчинува на бремето на своето учење, жестокосрдечниот и свирепиот го скротува и општо секого преобразува, ако тој му пристапува само со цврста намера да го исправи својот живот.

Св. Јован Златоуст: Христос дојде и донесе прошка, оправдание и живот, но ги дарува не само така, туку преку посредство на Крстот. Во Крстот Христос е смислата на целиот живот и сите дела на Спасителот.

Христијаните свето го почитуваат Крстот Господов. Целиот христијански живот е осенет и освештен со крстното знамение. Од рано детство па до самата смрт, верниот Христијанин го носи на себе, на своите гради, крстот како знамение на Христовата победа, заштита и сила. Секое дело тој го започнува и завршува со крстниот знак, и сѐ прави во слава Христова. Со крстното знамение Христијанинот го започнува својот ден, и со крстното знамение тој оди на почивка, завршувајќи го денот во слава Божја.