Познат професор по канонско право говори за канонскиот поредок во Црквата

Почитувани наши читатели,

Со оглед на тоа што во последно време на црковно поле се појавија големи тектонски нарушувања на сеправославно ниво, особено со руското неканонско упаѓање на територијата на Александриската Патријаршија, сметаме дека е потребно да го презентираме стручното и научно аргументирано мислење на еминентниот професор по канонско право на Атинскиот универзитет, Неговото Вископреосвештенство, Митрополитот на Перистери, г. Григориј.

Митрополитот г. Григориј, освен архијерејската пастирска служба, во моментов ги извршува и следниве должности: редовен професор по канонско право на Теолошкиот факултет при Атинскиот универзитет, професор на Православниот теолошки институт „Свети Сергиј“ во Парис, професор на Европската меѓу-универзитетска програма за докторски студии „Сократ-Gratianus“ на Парискиот универзитет.

Освен мајчиниот грчки, говори и пишува: англиски, француски, еврејски, естонски, руски и италијански јазик.

Во ова свое интервју за емисијата „Ad hoc“, Митрополитот г. Григориј, освен што говори за неканонското упаѓање на Црквата на Русија на територијата на Александриската Патријаршија, тој зборува и за многу други важни прашања од областа на канонското право и поредокот во Црквата. Затоа, во продолжение ви го пренесуваме неговото целосно интервју со македонски превод.