Во радоста на Воскресението и во светлината на Преображението Господово, вчера, во единаесеттата недела по Педесетница, нашиот возљубен старец, епископот Антаниски г. Партениј, отслужи Божествена Литургија во соборниот бигорски храм на Чесниот Претеча, во сослужение со браќата свештенослужители на Обителта. Голем број верници, дојдени одблизу и оддалеку, пристапија со побожност и благодарност на светото богослужение, за да се причестат со светите Христови Таинства и да ја споделат литургиската радост во ова благословено заедничарење во Христа.
- Ознаки:
- Литургија
Поврзано
Најубаво е да се говори за Христа
- 9 октомври 2024
Благодатно восходење на Крчин
- 4 септември 2022
Пасхално славје во Рајчица
- 26 април 2022































