Во вчерашниот октомвриски неделен ден, кога Црквата евангелски си спомнува за Христовата парабола за Сејачот, молитвено го прославивме и споменот на Светиот Лонгин Стотник, вистинољубивиот римски стотник кој ја имаше честа да биде сведок на Голготскиот настан што ја промени историјата и го отвори патот за спасението човечко. Така уште еднаш се потсетивме на сите оние судбоносни случувања под Крстот Христов, кои му ги отворија срцето и умот на римскиот военоначалник и засекогаш го запечатија поразот на ѓаволот. „Навистина овој беше Син Божји“ – одекна ова сведоштво од устата на еден дотогаш непросветлен војник, за осуда на оние кои цел живот учеа и зборуваа за својот Месија, а на крај не Го познаа и Го осудија на смрт. Сведоштво кое наеднаш го промени срцето на Свети Лонгин и од него направи голем проповедник па дури и маченик Христов.
Зборувајќи ни со голема љубов, во својата беседа на светата Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше, тој ни го пренесе срдечното и созерцателно умиление за храброто исповедништво на овој Маченик, нашиот боговдахновен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, го спореди него со добра и плодна почва, на која падна семето на верата и даде стократен плод: