Недогледливото пространство на ѕвездениот небесен свод кој буди длабок восхит и радост во човековата душа е блед налик на недогледливото пространство на духовниот простор полн со Господови маченици, кои како ѕвезди околу Сонцето Христос ја восхитуваат и радуваат душата на Христијанинот.
Споменот на Св. Теодор Тирон, кој се извршува во првата сабота од светиот и велик пост, претставува вистинска радост и веселие, зашто со бескрвното мачеништво прелу подвигот во постот се сродуваме и доближуваме до маченичкиот нарав и копнеж за Христа Воскреснатиот.
Во Бигорскиот манастир, денес, по молитвите и благословот на нашиот Старец и Епископ г. Партениј се прослави споменот на Светиот Великомаченик Теодор Тирон во присуство на многубројните верници кои притекнаа во домот на Крстителот за да земат учество во благословот од богослуженијата во првата седмица од светата Четириесетница.