На одбележувањето присуствуваа голем број верници од повеќе градови од државава, како и поранешни жители на Рајчица и нивни потомци.
Така е секогаш кон крајот на септември кога се прославува големиот православен празник посветен на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден.
-Причината е голема бидејќи оваа манастриска слава е поврзана со денот кога пред шеснаесет години почна возобновувањето на конаците. Симболиката на тој ден беше уште поголема,бидејќи, според преданието,токму на Крстовден беа поставени темелите на стариот претходен маснатир, велат сестрите од манастирот.
Одржана беше архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј во сослужение со Анхимандрит Партениј, бигорското братство и сестринството на манастирот во Рајчица.
На крајот од службата од светиот Престол, од олтарот, беше изнесен сребрениот филигрански крст, во кој се наоѓа крстот од времето на игуменот Арсениј со честица на Чесниот и Животворен Крст, а кој преку годината се чува во големиот кивот на Бигорскиот манастир.
По чинот на Воздвижение на крстот, на верниците, кои ги имаше од повеќе градови од државава, како и поранешни жители на Рајчица и нивни потомци и се даде можност да се поклонат пред Живоносното и спасително Дрво на Господ Исус Христос.
По Архиерејската Литургија и по осветувањето на славскиот колач во манастирскиот двор, митрополитот г. Тимотеј ги освети темелите за новиот монашки конак,чиј ктитор е Елена Пандева.