Во духот на прекрасната традиција што беше воспоставена минатата година, поетите од Галичката книжевна колонија не пропуштија и овој пат да ја крунисаат својата осумнаесетта по ред поетска средба со поетско читање во Бигорскиот манастир, инспирирано од духовните и природните убавини на ова светилиште. Завршната средба на поетите кои неколку дена беа гости на славниот Галичник, а денес го почувствуваа и гостољубието на нашата света обител, започна со излагањето на проф. Вера С. Антиќ и нејзините стихословија посветени на нашиот старец, игуменот отец Партениј, во кои таа ги изрази своите впечатоци од искреното пријателство со игуменот и братството од овој манастир. Бројните гости присутни во манастирот имаа задоволство да слушнат вдахновена поезија од петнаесетина автори од земјава и соседството и да го збогатат своето книжевно искуство со оваа прекрасна културна манифестација.
-
(ВИДЕО) Богојавление во Ростуше и на Радика
- 19 јануари 2026
-
Традиционалното реканско бдение во пресрет на Богојавление
- 18 јануари 2026
-
Богојавление – осветување на тварта и спасение на целиот човек
- 18 јануари 2026
-
Почетокот на годината со благослов, благопожелби и благодат
- 14 јануари 2026
-
Време благопријатно и ден на спасението
- 14 јануари 2026
-
Споменот на Првомаченикот во Рајчица
- 9 јануари 2026
- Најчитани објави
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022











