Во овој убав октомвриски ден на прагот на есента, Бигорската обител предводена од својот игумен, Архимандритот Партениј со голема радост го пречека почитуваниот Претседател на Македонското Собрание и искрен пријател на манастирот, г- дин Трајко Велјаноски, кој денес пристигна во неофицијална посета на Бигорски, сакајќи поблиску да се запознае со тековните активности во сегашнава завршна фаза на возобновата. Во придружба на својата сопруга Сузана и на професорот по Уставно Право д-р Александар Спасеноски, г-дин Велјаноски ја искористи можноста детално да го разгледа манастирот и постигнатото во овие пет години после трагичното опожарување на Горни Палат. Затоа при разговорот со нашиот игумен, о. Партениј тој го изрази своето задоволство од успешниот тек на активностите и од она што имаше прилика да го види, нагласувајќи дека претстојното свечено осветување на конаците кое е предвидено за април идната година ќе биде своевидно крунисување на прекрасната соработка помеѓу манастирот, родољубивата Влада на Р. Македонија и благочестивиот православен народ.
-
Најава за крводарителска акција во Бигорски
- 17 ноември 2025
-
-
Победата наша е верата наша: Свети Георгиј во животот на Црквата
- 17 ноември 2025
-
Восфаление на свети Георгиј со патријаршиски благослов
- 16 ноември 2025
-
Споменот свети Георгиј Победоносец прославен и во Велебрдо
- 16 ноември 2025
-
- Најчитани објави
-
Восфаление на свети Георгиј со патријаршиски благослов
- 16 ноември 2025
-
Победата наша е верата наша: Свети Георгиј во животот на Црквата
- 17 ноември 2025
-
Најава за крводарителска акција во Бигорски
- 17 ноември 2025
-
Споменот свети Георгиј Победоносец прославен и во Велебрдо
- 16 ноември 2025
-
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022











