Зградата на Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ од с. Драчево, Скопје, денес навистина зрачеше со посебна радост. Имено, во неа во 11 часот беше одржан свечен класен час во спомен на 25-годишнината од матурирањето на повеќемина свештенослужители на МПЦ-ОА, среде кои е и нашиот Старец, игумен и духовен татко, Архимандрит Партениј. Јубилејниот класен час го водеше нивниот класен раководител, надалеку познатиот и почитуван професор и научник, протоѓакон д-р Ратомир Грозданоски, кој, после своето поздравно обраќање, ги испрашуваше своите ученици за нивниот животен пат по завршувањето на средното богословско училиште. Учениците од своја страна евоцираа спомени од животот во Богословијата и му изразија благодарност на нивниот ценет професор. По завршувањето на класниот час, на предлог на проф. Грозданоски, во параклисот Св. Климент Охридски, беше направена доксологија на која присутните принесоа благодарствени молитви кон Господа, но се помолија и за покој на душите на починатите епископи, професори и работници од обрзовните институции на МПЦ-ОА. Во таа пригода, нашиот Старец, обраќајќи се кон своите некогашни соученици, но и кон учениците од петти клас, кои исто така присуствуваа на доксологијата, во своето благодарствено слово топло истакна дека „проф. Грозданоски беше класен раководител каков што секој ученик би посакал; вистински човек на Евангелието Христово, кој со својата професорска, но пред сè, христијанска снисходливост, љубов и сочувствителност секогаш им беше пример и поттик на своите ученици во нивното напредување по патот на вистинската теологија – животот според Божјите заповеди. Кога велам пример и поттик, мислам на тоа дека нашиот сакан професор отсекогаш се трудел и во својот личен живот да го спроведува она за што поучуваше. Беше навистина голема радост да се види како професорот со ревност ги постеше сите пости на нашта света Црква, водеше редовен светотаински живот, богослужеше со исклучителна љубов и духовна чувствителност. Неговата, пак, татковска љубов и грижа беше постојана, продолжуваше и надвор од училниците; со него можевме слободно да разговараме за разни теми и после завршувањето на неговото работно време. И како што претходно кажаа многумина наши соученици, таквиот грижлив, татковски однос на професорот кон нас продолжува до денес. Едноставно, од него научивме дека Евангелието не е само некаква философија или убави зборови, туку тоа е и начин на живот, еден возвишен живот кој води кон соединување со Бога. Атмосферата на таквиот духовен живот можевме да го видиме и во неговиот дом. Му посакувам на професорот Ратомир уште долги години плодна работа во професорската и научна дејност, преуспевање на полето на проповед на Евангелското слово, и уште многу слични јубилеи“.
-
Децата од реканскиот регион на гости кај своите другари од Кичево
- 16 декември 2024
-
Восфалението на Свети Климент во Бигорски
- 9 декември 2024
-
„Јас сум број нула!“
- 6 декември 2024
-
Воведение на Пречиста Богородица во Манастирот Пречиста Кичевска
- 4 декември 2024
- Најчитани објави
-
Восфалението на Свети Климент во Бигорски
- 9 декември 2024
-
Децата од реканскиот регион на гости кај своите другари од Кичево
- 16 декември 2024
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022