Бадниково-Божикни радости од најмладите

Гледајќи како најмладите со голема љубов и ревност, во скоро сите градови на нашата земја весело го најавуваат Рождеството Христово, одејќи во свечени бадникови поворки со пештера во рацете и пеејќи ја божикната каланда „Вечниот Бог“, не можеме, а да не се исполниме со радост и благодарност кон Богомладенецот Христос, роден во неискажливо смирение и положен во јасли, што повторно се возобнови старата традиција и со тоа на автентичен православен начин се прославува Бадник. Овие празнични бадникови поворки, што некои ги нарекуваат литии, не се составен дел на богослужбата и немаат карактер на литија, туку се едно спонтано собирање на децата во повеќе групи, потпомогнато од нивните учители или повозрасни верници, а со цел насекаде да се пренесе божикната радост и да се зарадуваат душите на возрасните. Така тие, отворајќи се со овие прекрасни божикни стихови, ќе можат на еден вистински начин да ја примат оваа радосна вест за целото човештво. Посебно задоволство ни е во следниве неколку клипови што ги поместуваме овде, да ви доловиме барем дел од оваа весела претпразнична атмосфера, надевајќи се дека следната година вие уште помасовно ќе се придружите на оваа сега веќе утврдена, возобновена традиција на православно прославување на Бадник.
Бог нека ги благослови овие ревносни млади луѓе, како и сите оние коишто на било каков начин се вклучени во организацијата на овој прекрасен Божикен настан.

ОХРИД

ПРИЛЕП

РАДОВИШ

КИЧЕВО

РЕСЕН

СКОПЈЕ

ГОСТИВАР