Соопштение од Светиот Aрхиерејски Синод на МПЦ – Охридска Архиепископија

Светиот Aрхиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на својата редовна седница одржана на 17 септември 2013 г., разгледа повеќе прашања од актуелниот живот на Црквата.

Особено внимание Синодот посвети на прашањето за пополнување на новоформираните епархии, па за нови епархиски архиереи ги избра:

– Неговото Преосвештенство епископот Велички г. Јосиф за надлежен епархиски архиереј на Тетовско-гостиварската православна епархија, со седиште во Тетово, со титула Митрополит Тетовско-гостиварски; и

– Неговото Преосвештенство епископот Лешочки г. Јосиф за надлежен епархиски архиереј на Кумановско-осоговската православна епархија, со седиште во Куманово, со титула Митрополит Кумановско-осоговски.

Интронизацијата на новопоставените епархиски архиереи ќе биде:

– на 03 ноември 2013 г. (недела), во соборниот храм „Светите Кирил и Методиј”, во Тетово, на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф; и

– на 10 ноември 2013 г. (недела), во соборниот храм „Свети Никола”, во Куманово, на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф.

Исто така, беше разгледан извештајот за почетокот на новата учебна и академска година и состојбата во воспитно-образовните институции на МПЦ.
Синодот ја утврди и Програмата за одбележување на јубилејот – 1700 години од прогласување на Миланскиот едикт и 1150 години од почетокот на Моравската мисија, коишто ќе се одбележат на 28 и 29 септември 2013 г. во Скопје.

ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ-ОА