Она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа. Колку еден народ има поразвиено самосознание, толку повеќе тој ја цени слободата. (Ив. С.)
Љубовта е првобитното животно начело. Тоа не е само надворешната љубов. Не! Туку тоа е љубовта во своето највисоко и најубаво значење, љубов во сите нејзини чисти пројави. Онаа љубов, која во својата крајност е, всушност, вера, која во себе соединува сè што е свето, божествено, благородно и возвишено – љубов кон Бога, кон ближните, кон Татковината, кон ова мало, но мило парче земја, кое нас и нашите прататковци нè родило, нè одгледало и во своите пазуви нè примило.
8ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека македонскиот народ е достоен за дарот на слободата и за самостоен државен живот.
Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Северна Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста!
Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци!
Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари!