Соопштение по повод празничниот спомен на Света Параскева во Дебар

Возљубени верници,

Црковниот одбор при храмот Света Параскева Епиватска во Дебар, има чест со сите нас да ја сподели радоста за доаѓањето на чесните мошти на Светата Параскева Римска во градот Дебар, понеделник, 27 октомври 2025 лето Господово.

Моштите ќе бидат поставени за поклонение во дебарскиот храм посветен на Светата Параскева Епиватска уште на самата Утрена богослужба, која ќе започне во 07:30 ч.
Овие мошти верно се чуваат од страна Пречистанското сестринство, кои и оваа година ќе го збогатат празничниот спомен со оваа голема светиња, за поткрепа на верните Дебрани.

Божествената Литургија со која ќе чиноначалствува игуменот на Бигорската свештена Обител, епископот г. Партениј, ќе започне во 08:45 ч.

Ги покануваме сите верни Дебрани и останати празникољупци, да земат учество во ова големо торжество и да се поклонат на моштите на светата Параскева, стекнувајќи го нејзиниот штедар благослов.