Во Ливан се одржа арапско-славјанска богослужба

Во саботата на 25 март со благослов на митрополитот на Ливанската гора Георгиј (Антиохиска Патријаршија), во Богојавленскиот храм во селото Наккаш (регион Матн) се одржаа соборни богослуженија.

Утрената богослужба и Божествената Литургија ги отслужи претставникот на Московската Патријаршија при Антиохија и целиот Исток, игумен Арсениј (Соколов) и настојателот на храмот, протоереј Симеон Абухајдар. Молитвите и песнопенијата беа отпеани на два јазици – арапски и црковно-словенски. Како гости на парохијата беа клирот и парохјаните од Бејрутското подворје на Московската Патријаршија. По завршувањето на Божествената Литургија верните присуствуваа на трпеза на љубовта.

Богојавленската парохија на Антиохиската Патријаршија обединува околу седумстотини православни арапски семејства, кои живеат во селата Наккаш, Дбаје и Аука.

Извор: Русподворје