Архиепископот на Тирана и на цела Албанија Анастасиј е на поклоничко патување на Светата Гора Атон. Ова е негова прва посета на Атон од моментот кога тој ја возглави Албанската Православна Црква.
Архиепископот Анастасиј беше топло и торжествено пречекан во согласност со атонската традиција, а од страна на Протоепистатот на Света Гора, старец Варнава, членовите на Свештената Епистасија, претставниците на 20 – те атонски манастири, како и граѓанскиот гувернер на Атос, Аристос Касмироглу.
После молебниот во соборниот храм на Светата Гора, Архиепископот Анастасиј и делегацијата на Албанската Црква се поклонија пред чудотворната икона на Пресвета Богородица „Достојно ест“.
Потоа, гостите од Албанија го посетија објектот на свештениот Кинот и поразговараа со членовите на свештената Епистасија и претставниците на атонските манастири.
Поклоничката посета на Архиепископот Анастасиј на Атон продолжува. Од Кареја тој ќе се упати кон манастирот Ксенофонт.