После 100 години прва Литургија во семејниот храм на Романови во Ермитаж

Извор:

Со доаѓањето на новото време речиси сите престолни императорски дворци на Стариот свет го изгубија своето значење и станаа големи светски музеи. Меѓу нив спаѓа и главната резиденција на руските императори во Санкт Петербург – Ермитаж. Дури и во најтешките години – времето на блокадата – овој музеј беше сведок за висока култура. По долгите години на запуштеност раководството на музејот реши најпосле да го обнови и семејниот храм на Романови посветен на Неракотворениот Образ, што се наоѓал во рамките на дворецот. И така, сега после 100 години ректорот на Санктпетербуршката духовна академија, архиепископот Петерхофски Амвросиј ја отслужи во него првата во поновата историја ариерејска Литургија. Утрото 11 мај 2017 год ќе остане запишано во историјата на овој императорски храм при Зимскиот дворец како ден на првата Литургија после револуцијата од 1917 година. На Литургијата зедоа молитвено учество и студентите на духовната академија како и парохјаните и вработените во музејот Ермитаж.

Присутните упатија молитви за покој на душата на големите владетели императорот и императорката, упокоените раководители на музејот како и за здравјето на сите сегашни вработени во овој светски познат музеј.