Во Русија прв храм посветен на светите воини Пересвет и Осљаба

Извор:

На денот кога се слави споменот на светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, во рамките на воената база на Кримските  обединети сили за противвоздушна одбрана во Севастопол беше осветен храм посветен на преподобномачениците воини Александар Пересвет и Андреј Осљаба Радоњешки. Храмот беше изграден на иницијатива на познатиот руски телевизиски новинар, Андреј Кондрашов, и тоа за рекордно кратко време – 11 месеци. На Божествената Литургија зедоа учество сите оние кои што ги вложија силите да биде подигнат овој воен храм, како и поканетите гости – раководството на четвртата армија за противвоздушна одбрана како и командантите на црноморската флота. Храмот на светите воини беше подигнат токму на местото каде што во 1942 во битка со фашистите загинаа повеќе од 60 херои. И покрај тоа што храмот е изграден пред се за војниците од дивизиите на ПВО, тој ќе биде отворен и за сите жители на Севастопол кои ќе посакаат да измолат помош од православните воини Александар и Андреј Радоњешки.