Во своето главно обраќање на Собранието на Арктичкиот круг во Рејкјавик, Исланд, Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, ја опфати суштината на ова Собрание како „одговорно размислување за судбината на земјата“. На Собранието присуствуваа повеќе од 2 илјади учесници од повеќе земји. Дискусиите ги обединија религиозните водачи со научниците, владините претставници, адвокатите и сите други видни луѓе, околу заедничките интереси и засегнатост со иднината на Арктикот.
Обраќајќи се, Вселенскиот Патријарх истакна дека денес, повеќе од било кога, врските помеѓу верата и науката се позабележителни и реални, бидејќи нема ниту еден верски водач во светот што не е на овој, или на оној начин загрижен поради состојбата со загадувањето и климатските промени.
„Секако, за да го смениме тоа што е пред нас, треба да го смениме и начинот на гледање. Треба да ја промениме својата перцепција и однос кон светот, и начинот на којшто го користиме нашето знаење и вештини за тој свет да го одржиме и унапредиме. Оваа нова блискост и присутна взаемна поврзаност во низата на созданието не е нешто лошо ако научиме да го сфатиме она што во Светото Писмо се нарекува ’знаците на времето‘ (Матеј, 16,3)… На Арктикот, глечерите што се топат го загрозуваат традиционалниот начин на живот. Навистина, ставот на одговорните луѓе од овој регион, треба да нѐ потсетат на одговорноста и почитта што му ја должиме на созданието, а преку созданието, на нашиот Создател“.