6247

25 илјади верници на литијата со моштите на Св. Параскева во Јаши

Извор:

Околу 25 илјади православни верни и повеќе од 100 свештеници зедоа учество во литијата по улиците на Јаши, со моштите на нивната многу возљубена Св. Параскева, како и на Св. мч. Текла, што е дел од таканареченото поклонение „Патот на Светиите“. Литијата беше предводена од тројца ерарси и започна со група на млади луѓе, облечени во романска народна носија, проследени со војници со запалени факели. Во текот на целата литија се читаа молитви за сите болни, а поворката застануваше на молитва и пред неколку цркви и манастири. На крајот литијата заврши пред митрополитскиот соборен храм, каде што моштите на Св. Параскева беа ставени на цветен епитаф во близина на храмот. Настанот беше крунисан со бдение во чест на пренесувањето на моштите на Св. Андреј во Јаши.