Масовна крштевка во софискиот храм „Света Софија“

Извор:

Во бугарската престолнина, во храмот посветен на „Света Софија – премудрост Божја“, се изврши првото масовно крштение во кое беа вклучени повеќе од 170 деца. Иницијативата е под покровителство на Неговата Светост, Бугарскиот Патријарх и Софиски Митрополит Неофит. Настанот е дел од проектот во поддршка на раѓањето деца.

Со благословот на Неговата Светост, семејствата се ослободени од задолжителната такса за ова Таинство и Бугарската Црква бесплатно ќе им додели крштеници на новопокрстените православни христијани.

Освен во престолниот храм, масовни крштенија се извршија и во градовите Пловдив, варна, Бургас, Стара Загора, Велико Трново, Русе, Враца и Плевен. Во проектот се вклучија повеќе од 1200 семејства со новородени деца, меѓу кои има и бугарски граѓани што живеат претежно во странство. Иницијаторите се надеваат дека ваквиот проект нема да биде единечен акт, туку ќе продолжи традиционално секоја година. Целта е да се поттикне раѓањето деца во земјата и што повеќе деца да се присоединат кон Светото Православие.