Како одговор на предизвикот пред кој е исправено предшколското образование во православното христијанство, Грчката православна архиепископија на Америка отвора „Академија за православна вера и наука“ за деца. Обуката под наслов „Читам и учам од дома“ ќе биде спроведена онлајн преку академијата „Свети Николај“.
Од 4 јануари 2021 година во текот на следните четиринаесет седмици, содржината за секој образовен ден ќе биде испраќана секојдневно на одредена електронска пошта, и ќе се состои од молитви за започнување на денот и лекции за деца од предучилишна возраст. Тоа секојдневие за децата во време на пандемијата е насочено кон поддржување на врската со Црквата и е полезно како за детскиот ум, така и за душата на детето.