Бугарската Патријаршија не ја поддржа РПЦ во однос на Црквата во Украина

Извор:

Синодот на Бугарската православна црква одби да ја  поддржи Руската православна црква во меѓуцрковниот судир со Вселенската Патријаршија по прашањето на автокефалноста во Украина.

Рускиот Патријарх Кирил испратил писмо до БПЦ во кое бара поддршка за украинското прашање. На седницата на Синодот на БПЦ ова писмо било поставено на дневен ред на кој Ловченскиот митрополит Гаврил, кој инаку е дел од проруската струја владици, побарал БПЦ да гласа и да повика на свикување на нов Сеправославен собор, на кој треба да се решава за статусот на Украинската православна црква.

Сепак, мнозинството владици гласале против овој предлог. Против бил Бугарскиот патријарх Неофит и владиците Николај од Пловдив, Сливенскиот Јоаникиј, Великотрновскиот Григориј, Доростолскиот Амвросиј, западно и средноевропскиот Антониј, русенскиот Наум и Старозагорскиот Кипријан. Предлогот за свикување нов Сеправославен вселенски собор, освен митрополитот Гаврил, го поддржаа и Варненскиот и Великопреславски Јован и Видинскиот мирополит Данаил.

Верските аналитичари во Бугарија оценуваат дека резултатот од гласањето значи дека Светиот синод на БПЦ не го поддржал барањето на Руската православна црква за давање поддршка и помош при разрешување на Автокефалноста на Украинската православна црква.