Групна крштевка во Светата митрополија на Кананга

Извор:

Светата тајна Крштение беше извршено на повеќе од осумдесет луѓе од селото Чиншуи со што бројот на верните се зголеми на 400. Митрополитот Теодосиј од Кананга, кој го изврши крштението, мораше да помине долг пат заедно со свештенството и луѓето што се крштеваа за да најде мала река и тука да ја изврши Светата Тајна. На крајот од крштението, митрополитот ја истакна значајноста на овој ден за целата митрополија, којашто интензивно ја зголемува својата бројност. Следниот ден беше отслужена Божествена Литургија за да може новокрстените да ги примат Светите Тајни.