Јеромонахот Амфилохиј е новиот игумен на Манастирот Дохијар

Новиот игумен на Дохијар, Старец Амфилохиј, со дел од братството

 

По блаженото упокојување на Старецот Архимандрит Григориј Дохијарски, за нов игумен на оваа светогорска обител денес од братството едногласно беше избран јермонахот Амфилохиј.

Отец Амфилохиј е духовно чедо на блаженоупокоениот Старец Григориј уште од својата 13-годишна возраст. Потекнува од Коринт. Во Светата Дохијарска Обител дошол заедно со братството на Старец Григориј во јули 1980 година, на 19-годишна возраст.

Нека седобриот Бог, по молитвите на Светите Архангели на кои е посветен Манастирот Дохијар, му дава сили и просветление за претешкото послушание да биде прв меѓу еднаквите и слуга на сите.

 

Гробот на Старец Григориј Дохијарски