Под амбасадата на САД во Рим, пронајден монограм на Христос од I век

Извор:

На ѕидот во тунелот што бил ископан под Амбасадата на САД во Рим, заради правење подземни гаражи, пронајден е монограм на Христос: буквата „Х“ е изобразена врз буквата „Р“. Ова е таканаречениот „Христограм“. Местото каде е пронајден овој Христограм е римската област, во којашто во древниот период на Римската Империја живееле великодостојници. Пронаоѓањето на Христограмот е факт од исклучително значење, бидејќи, според експертите по црковна историја и археологија, тоа покажува дека, уште во I век, христијанството го исповедале не само робовите и слугите, туку и претставници од високите слоеви на римското општество.

„Ваквите христијански графити биле изобразувани со конкретна цел: Христограмот имал свештен карактер. Со овој знак, на одреден начин се пренесувала некаква порака“, објаснува професорот по Црковна историја од Папскиот Латерански Универзитет, Перлуиџи Гјудучи. Постои хипотеза дека најдениот Христограм е доказ за мачеништво.