Советот на Владата на Турција донесе одлука древната црква посветена на Христа Спасителот, наречена Хора, да биде пренаменета во џамија. Веста беше објавена од сите про-владини медиуми. Сега православните христијани и католици стравуваат дека оваа одлука би можела да биде најава и за Света Софија на која ѝ се заканува истата судбина.
Црквата на Христа Спасителот Хора била изградена во v век, и се наоѓа во северниот дел на Константинопол, Едирнекапи. Со своите сѐ уште добро сочувани мозаици и фрески, таа претставува вистинско ремек-дело на византиската уметност. Во џамија била претворена дури во 1511 год, а од 1945 па сѐ до неодамна, функционираше како музеј.
Базиликата Света Софија е исто така еден импозантен храм, изграден под наредба на Јустинијан во 532 год. После падот на Константинопол била користена како џамија, а од 1935 год функционира како музеј.
Од време на време, за да ги придобие симпатиите на исламскиот свет, Реџеп Таип Ердоган во своите изјави навестува дека храмот одново ќе биде претворен во џамија. Оваа одлука на Државниот совет би можела да го отвори патот за тоа.