Предметот „Религија“ ќе се изучува во сите училишта во Видин

Извор:

Од почетокот на новата учебна година, во Видинските училишта и детски градинки ќе започне изучувањето на предметот „Религија и Православие“, соопштија на заедничката прес конференција градоначалникот на Видин – Огнен Ценков, Видинскиот митрополит Даниил, богословот и учител по „Религија и Православие“ во општина Ќустендил – Ивелина Николова и раководителката на РУ на образованието – Веселка Асенова.

Иницијативата за застапеноста на „Религија и Православие“ во училиштата на Видин е на митрополит Даниил. На средбата со директорите на училишните институции и детските градинки, тој ја истакна неопходноста од изучувањето на предметот во училиштата, а најави и средби со родителите на децата уште на самиот почеток од новата учебна година, на коишто ќе биде разјаснета формата и содржината на предметот.

Предметот „Религија и Православие“ се изучува во училиштата и детските градини во неколку општини на соседна Бугарија. Тоа се градовите: Ќустендил, Петрич, Русе, Бургас, Пловдив, Софија и Варна, истакна Ивелина Николова.