Сочи: Првите детски божикни спортски игри

Извор:

Со благослов на Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил, за првпат од 24 декември 2017 до 11 јануари 2018 година, во туристичкиот град Сочи ќе се одржи Серускиот фестивал „Рождественски детски спортски игри“. Како организатори на фестивалот се појавуваат Министерство за спорт на Руската Федерација, Руската Православна Црква и АНО „Планетата на шампионите“. Натпреварите, што ќе се изведуваат во согласност со правилата на спортот утврдени од Министерството за спорт на РФ, ќе се одржуваат на најголемите олимписки стадиони во Сочи.

Божикните детски спортски игри ќе станат прв обид за обединување на децата и нивните родители, кои ангажирани во осум различни спортски дисциплини. Фестивалот ќе прима детски и младински тимови родени во периодот од 2001 до 2011 години, а истите ќе бидат поделени во осумте видови на спортови: фудбал, мал фудбал, хокеј, кошарка, одбојка, ракомет, флорбол, бадминтон. Турнирите ќе се одржуваат во периодот помеѓу 24 декември 2017 година и 11 јануари 2018, а ќе ги опфатат сите основни руски новогодишни празници.

Освен одделните дисциплини, централни собитија на Игрите ќе бидат Серуската штафета на Мирот и „Судак гимнастиката“, кои ќе се одигруваат на 25 декември, односно на денот на официјалното отворање на Фестивалот.

„Планетата на шампионите“, пак, ќе биде домаќин на сите конкурси на детското творештво: „Божикен цртеж“, „Божикна песна“, „Хорско пеење“, „Конкурс по танцување“. Бројката на пријавени учесници е поголема од илјада.