За првпат после 1928 година, во соборниот храм посветен на Вознесението Господово во Токио, ќе зазвучат нови камбани.
„Камбаните овде последен пат зазвучија точно пред 90 години. Тогаш имало и силен земјотрес. Претходно во 1923 година храмот настрадал многу, камбанаријата се срушила и од тогаш сите камбани замреле“, изјави архимандрит Герасим.
Сега постојат шест камбани. Три се во многу лоша состојба, а меѓу нив најстара е онаа од 1884 година. Кон нив ќе бидат додадени уште 11 нови, кои се дело на руски мајстори, таа што вкупниот број ќе биде 14.