Романија: Заврши Интернационалната средба на православната младина

Извор:

Интернационалната средба на православната младина која оваа година се одржа во Сибиу Романија и собра повеќе од 3 илјади млади луѓе од целиот православен свет, заврши во неделата на 09 септември, со специјална церемонија среде митрополитскиот храм во Сибиу. Тогаш на Крејовската епархија ѝ беше предаден факелот, што значи дека следната година таа ќе биде организатор на оваа младинска средба.

Обраќајќи им се на младите, претседателскиот советник Сергиу Нистор истакна дека: „Верата, заедништвото и слободата ја дефинираа судбината на романскиот народ. Минатата година слободата беше централна тема на оваа средба. Оваа година, пак, природно ни доаѓа да ја третираме темата за единството. Социјалната слобода, единството и вербата во подобра Романија како градина на Богородица, беа идеалите за кои се бореа и жртвуваа луѓето од Трансилванија, Буковина, Бесарабија, Влахија, Добруџа и Молдавија. Вие денес сте наследници на нивните идеали, следбеници на цела и моќна Романија, која е заштитник на сите негови синови, ќерки и на нивните граѓани“, истакна Сергиу Нистор.

Церемонијата заврши со Света и Божествена Литургија, отслужена од страна на митрополитот Трансилваниски Лаврентиј, а во сослужение со митрополити од Бугарската и Антиохиската православна црква. Митрополит Лаврентиј срдечно им се заблагодари на организаторите на собитието, како и на огромниот број присутни младинци.