Турција: Откриен таен параклис за време на реставрацијата на манастирот „Панагиа Сумела“

Извор:

За време на реставрационите работи во манастирот „Панагиа Сумела“, провинцијата Трапезунт во североисточниот дел од современа Турција, пронајден е параклис, чијшто влез е преку таен премин. Параклисот е украсен со прекрасни фрески од византиски период, кои се многу добро сочувани.

Манастирот „Панагиа Сумела“, кој е основан кон крајот на IV и почетокот на V век, е под јуриздикција на Константинополската Патријаршија и не е активен уште од 1924 година кога беше затворен.

Во текот на 2010 година, во манастирот се случи едно историско собитие – првата Света Литургија после неговото затворање, која беше отслужена на празникот Успение на Пресвета Богородица, од страна на Константинополскиот Патријарх Вартоломеј.

Од 2015 година поради реставраторските активности, манастирот е затворен и за посетители.