Во Малула вратени украдените икони

Извор:

Во христијанските храмови на сирискиот град Малула, којшто е заштитен од УНЕСКО како единствен град каде се зборува на арамејски – јазикот на Господ Исус Христос – се враќаат иконите што беа украдени од страна на терористите, изјави претставникот на градската администрација Џозеф Саладин.

„Пет икони се во Патријаршијата во Дамаск, три веќе се вратени во нашите цркви. Иконите беа пронајдени во едно гратче на сириско-либанската граница, каде што терористите ги подготвувале за продажба на црниот пазар“, додаде тој.

Дел од светињите на Малула се: манастирите на Св. Сергеј и Св. Текла, како и црквата посветена на Св. Илија во која веќе се одржуваат богослужби.

Во тек се активности за реставрирање и реконструкција на храмовите уништени од страна на терористите на Џабат-ан-Нусра. Тековниот прекин на воените дејствија, којашто се одвива под надзор на руската воена полиција, отвори доволно простор за позабрзано внесување на градежни материјали во Малула.