Според градоначалникот Димитар Димов, потврдена е градбата на храмот на еден од славните свети ерарси на XX век. Овој познат и од народот многу почитуван архиереј работел цели 29 години на духовното поле во престолнината на Бугарија, како ревносен бранител на чистотата на православната вера и чудотворец. Неговите мошти се сместени во храмот Св. Никола во централното подрачје на Софија. Целиот свој живот во Бугарија го поминал во силен аскетски подвиг, предаден на целосно воздржание и живот во многу бедни услови, што му предизвикало и туберколоза. И покрај тешката болест се грижел за своето стадо со искрена пастирска ревност. Често служел и држел беседи три пати неделно, повикувајќи ги своите чеда на покајание, благодатна преобразба и на основната христијанска доблест – смирението.
Особено се паметат неговите беседи во Неделата на проштевањето, кога после неговите зборови, многу луѓе што со години биле скарани, низ солзи барале прошка еден од друг.
Св. Серафим бил канонизиран во 2016 година.