Востоличен новиот Архиепископ на Кипар г. Георгиј III

Извор:

Вчера, 08.01.2023, попладне, во главниот град на островот Кипар, Левкосија, се изврши интронизацијата, односно востоличувањето на Пафскиот митрополит г. Георгиј за Архиепископ на древната Црква на Кипар како Архиепископ на Нова Јустинијана и на цел Кипар. Во диптихот на Кипарската црква тој е 76 Архиепископ, а трети што носи такво име (Георгиј III). Древната столица на Кипарската црква е основана од Светиот Апостол Варнава, кому му е посветен катедралниот храм, во кого се изврши чинот на востоличување. На новиот претстојател на помесната автокефална Црква на Кипар, г. Георгиј, Господ Бог да му дава мудрост правилно да го распространува словото на Неговата вистина!

На многаја лета, владико!