Објави од Епископ Партениј, Игумен Бигорски

Синаксиси

Кој е вечниот спомен?

Обраќање на Старецот, епископот Антаниски г. Партениј, на монашки синаксис во Бигорски, на Духовденската задушница, 2022 година. Браќа мои возљубени, по милоста Божја, стасавме и до оваа Задушница. Помина Велигден, помина Вознесението и еве сме на прагот од Педесетницата. Денеска, пак, Црквата, мајката наша, ги собира пред Бога сите свои упокоени, до последниот заборавен и…

Став

За нештата да бидат појасни

(По повод „21 февруари“ - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик) Епископ Антаниски г. Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител Следејќи го текот на македонско-бугарските политички односи во последниве неколку години, особено по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави, а за кој ние како монашка заедница јавно излеговме со позитивно мислење…

Колумна

Гоцевиот културен натпревар како образец за евангелско живеење

(Посветено на незаборавниот Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање) Споменот на праведните е со пофалби, а името на нечестивите гасне.Изреки 10,7 Исполнувањето на 150 лета од рождеството на великиот наш сенароден апостол, просветен деец, учител, идеолог и борец за народната слобода, Георги (Гоце) Николов Делчев, проследено со незаборав и со сестрани енкомии, јавни…

Историска тема

Попот кој ги спасил Албанците и градот Дебар во 1918 година

Месец август 1995 година, ден осми, споменот на Светата Преподобномаченица Параскева Римјанка. Сонцето, моќно издигнато измеѓу Бистра и Крчин, самовласно господари над целата Река, откривајќи ја во целост првосоздадената красота на Радичката клисура. Во тоа време сè уште ја спознавав богомдаруваната убавина на Река и од нејзината природа, како од петто Евангелие напишано непосредно со…