Објави од Свети Климент Охридски

Поучни словa

Слово за страдањето и мачеништвото на Свети Јован Претеча и Крстител

Глас се слуша во Рама, плач и ридање, и пискот голем: Рахила ги оплакува своите чеда и не сака да се утеши, зашто ги нема (Матеј 2,18). Кога Исус се роди во Витлеем Јудејски, Ирод четворовласникот го побара Младенецот за да го убие. Но ангел Господов му јави на Јосифа да Го земе Младенецот и…

Поучни словa

Слово за раѓањето на Свети Јован Претеча

Кога ова Сонце, видливото, сака да излезе од пределот на Земјата, тогаш нему му претходи зрак што го најавува она што доаѓа по него. Така и праведното Сонце - Христос, кога сакаше да излезе од утробата на Својата Мајка, откако се воплоти, го испрати добриот зрак Јован, кој проповедаше за Оној Кој доаѓаше по него.…

Поучни словa

Поука на Педесетница за слегувањето на Светиот Дух врз апостолите

Радувајте се, светила на вселената, кои сте на исток и насекаде ги просветлувате слепите, кои горите без свеќи, а Светилото е Христос, светило е Крстот, а дрвното масло е дарот на Светиот Дух. Бог, Кој секогаш го посакува нашето спасение, поради Своето милосрдие, посака да ја обнови нашата природа, оветвена од гревовите. Поради тоа се…

Поучни словa

Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Ете, браќа, сега настана за нас празникот на нашиот Господ, посветол од сите празници, кој ги озарува сите со своите светлозарни зраци. Денес небесниот свод, ликувајќи Го подигнува на облак Христа, Кој се вознесува со тело кон неискажливиот престол на Својот Отец. Господ ги собра за радост сите ангелски хорови и им заповеда едногласно да…

Поучни словa

Слово за покајанието

Браќа, должни сме постојано со испитување да го бараме животниот пат и тоа од каде ни доаѓа смртната казна што ја примаме секој ден и час, и да се прашуваме: како тоа, кога веќе бевме нераспадливи, станавме распадливи. Бидејќи нашиот прадедо Адам го послуша советот на ѓаволот, ја прекрши Божјата заповед и ја фрли боготкаената…

Поучни словa

Поука за првата недела од постот

Ја видовте ли, возљубени, на дело ползата од постот? Оној што го искусил постот во текот на оваа седмица, тој ќе го разбере подобро своето приближување кон Бога, па и во наредните недели ќе се подвизува во постот. Оној, пак, што не го примил постот, тој не ја знае ползата од постот. И, навистина, како…