Макс Борн – Науката го остава прашањето за Бога целосно отворено

Германскиот физичар Макс Борн (1882-1970) кој ја освои Нобеловата награда во 1954 „за своите фундаментални истражувања во областа на квантната механика и особено за статистичката интерпретација на брановата функција“.

 „Многу научници веруваат во Бога. А оние кои велат дека занимавањето со наука го прави човекот  атеист, веројатно се патетични луѓе“.

„Науката го остава прашањето за Бога целосно отворено. Таа нема право да  го расудува“.

Во својата книга „Мојот живот и перспективи“ (1968) Макс Борн пишува: „Дозволете ми да кажам неколку зборови за себе и за атомот. Ние, атомот и јас, бевме обединети до многу неодамна. Јас во него гледав клуч за најскриените тајни на природата, a тој го откри пред мене величието на целото создание и на Создателот.“

Следниве неколку цитати се плод од неговите научни достигнувања:

  • Атеистите сметаа дека науката е против Бога, како божем науката на било кој начин или во било кој облик да го негира Божјото постоење, или како божем науката да е свесно битие. Всушност науката е едно можно објаснување за тоа како нештата функционираат во овој создаден Универзум. Нешто слично како кога некој непознат човек ќе создаде крајно комплицирана машина, а ти се обидуваш да сфатиш како таа функционира. Откривањето на начинот на функционирање на машината не го одрекува постоењето на нејзиниот творец. Всушност колку повеќе дознаваш за машината, би требало да стануваш се повеќе и повеќе свесен дека таа навистина има свој создател.
  • Тие што велат дека проучувањето на науката го прави човекот атеист мора да се многу глупави.
  • Ако Господ го направил овој свет совршен механизам, тој барем му снисходел до некаде на нашиот несовршен интелект, во поглед на тоа дека за да предвидиме некои мали делчиња од него, ние не треба да решаваме безброј диференцијални равенки, туку можеме да употребиме коцка со истиот успех.
  • Постојат метафизички проблеми кои не можат да бидат надминати со тоа што ќе ги наречеме бесмислени, бидејќи тие навистина постојат и како што јас често повторувам, се наоѓаат „зад границите на физиката“. За нив е потребен акт на вера. Јас често велам дека треба да го прифатиме тој факт. Објективно постојат два типа на верници: тие што веруваат во неверојатното, и тие што веруваат дека „верата“ треба да биде отфрлена и заменета со научна метода.