Денеска, во местото наречено Спилја, крај Агридија, каде што некогаш суштествувал манастирот посветен на Светата Маченица Марина, нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, со благослов на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, чиноначалствуваше на величествена Боженствена Литургија под отвореното небо, исполнета духовна топлина и возвишеност. Традиционално секоја година православните од островот и дојдените од други места се собираат на ова свето место, за да го чествуваат и чуваат споменот за урнатиот манастир. Овој пат атмосферата беше неповторливо благодатна – околу светата трпеза заедно со Старецот сослужуваа браќата архимандрити Кирил и Анатолиј, јероѓаконот Силуан и свештеници и ѓакони од Вселенската Патријаршија и од Црквата на Грција, а молитвено присуствуваше Високопреосвештениот Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил, браќата монаси и сестрите монахињи, бројни верни души, како и псалтите од хорот „Митрополит Козма Пречистански“ и младите ученици од средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје, кои по завршетокот на Светата Евхаристија ни приредија вистинска уметничка наслада. Со благите звуци на песнопенијата, под сончевите зраци и свежиот воздух на овој осветен простор, чувството на духовна радост и заедништво беше опипливо, правејќи го овој ден вистински празник на верата и на љубовта.
Поврзано
Преку подвиг и молитва до вечна радост и слава во Христа
- 27 октомври 2024
(Видео) Манастирот Пречиста се украси со уште една Христова монахиња
- 21 септември 2024
Порака на Вселенскиот Патријарх за заштита на природната средина
- 13 септември 2024