Ова е времето за покајание, ова е денот спасителен, почетокот на постот: биди будна, душо, вратите на страстите затвори ги, и сврти се кон Господа. Овие умилителни стихови ја отвораат пред нас вратата низ која влегуваме во оној простор каде што пребива нашиот внатрешен и изранет од страстите човек. Наоѓајќи дека, немаме ништо друго, освен светла надеж дека Господ ќе нè избави од паднатата состојба, та без очајание да влеземе во благословената пустина на Великиот пост, тивко го започнуваме ова наше патување, верно пеејќи: Дојдете луѓе дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го умилостивиме.
- Ознаки:
- Чист Понеделник
- Велик Пост
Поврзано
Влегувањето на Христос во Ерусалим на нашите срца
- 30 април 2024
Спомен на Светиот Свештеномаченик Антипа Пергамски
- 24 април 2024
Житие на преподобната (мајка) Марија Египетска
- 17 април 2024