Во денот кога Црквата го воспева светлиот подвиг на рамноапостолните солунски Браќа, Светите Кирил и Методиј – новите апостоли и просветители на народите, носителите на духот на патристичката мисија и живата соборност – Бигорската света обител се собра во молитвено сеќавање за својот поранешен долгогодишен архипастир, блаженоупокоениот митрополит на нашата богочувана Дебарско-кичевски, дедо Тимотеј, по повод шест месеци од неговото упокојување.
По завршетокот на Божествената Литургија во храмот на Светите Браќа во нивниот скит над Битуше, Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, со молитвена почит и благодатен мир, отслужи молитвен спомен за нашиот сакан владика.
Совпаѓањето на неговиот шестмесечен спомен со денот на светите Просветители е некаков духовен знак: како што божествените Кирил и Методиј ја преточија вечната вистина во јазикот и срцето на народот, така и дедо Тимотеј повеќе од четири децении ја чуваше и ја проповедаше светоотечката вера во градот на Кирило-методиевите ученици, Светите Климент и Наум.
Нека му биде споменот вечен и блажен, во светлината на воскреснатиот Христос!
Амин.