Раководството на Здружението на граѓани „Брзовец“ испрати честитка за изборот на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија.
Во писмената порака, меѓу другото, се нагласува дека Тресончани, како во минатото, така и во иднина, ќе продолжат да се грижат за традицијата од предците за негување на меѓусебната поддршка со Бигорскиот манастир, „Св. Јован Крстител“.
Писмото го пренесуваме во целост:
Наречението (објавување на веста пред верниците) за отец Партениј е закажано за 11 јули во манастирот „Свети Јован Бигорски“, а на 12 јули на празникот на светите апостоли Петар и Павле ќе се одржи хиротонијата во храмот Света Софија во Охрид.