Во Магазата Битола во рамки на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“, беше отворена изложба „1000 години Бигорски манастир“, придонес на НУ Центар за култура и јубилејните 50 години на фестивалот „Илинденски денови“ кон јубилејот на Бигорскиот манастир основан во 1020 година.
На изложбата во која се преставени 17 икони-копии, две фрески и една плаштеница од Бигорски манастир.
-Бигорскиот манастир многу пати бил рушен и пален, а е возобновен во 1995 година со доаѓањето на отец Партениј од Света Гора. Како што е познато отец Партениј е по потекло од Битола, а таму во манастирот живеат и други наши битолчани со чиј благослов ја отворам оваа изложба, рече Маја Андоновска Илијевски, директор на НУ Центарот за култура.
Изложбата „1000 години Бигорски манастир“ ја подготвија и организираат членови на Ансамбл „Македонија“ од Скопје, во рамки на проект поддржан од Министерство за култура и Бигорски манастир.
-Ансамбл „Македонија“ овој проект го реализира со презентација на икони од Бигорски манастир и паралелна концертна изведба на мијачките обреди, световни ора и песни кои биле и ден денес се присутни во Бигорскиот манастир, и тој крај каде се наоѓа манастирот, истакна Јаневски.