Μонашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на Меѓународен фестивал во Атина

Монашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на првиот Меѓународен фестивал на православна црковна музика што се одржува во Атина, а централниот концерт ќе се одржи денеска во митрополитскиот храм посветен на Благовештение на Богородица, јави дописничката на МИА од Атина.

На настанот ќе присуствуваат викарниот епископ на Атинскиот Архиепископ и на цела Грција, градоначалникот на Атина, претставници на Министерството за образование и други епископи и свештенослужители.

Првиот меѓународен фестивал на православната црковна музика ќе се одржи во Атина од 3 до 5 декември 2021 година, под покровителство на Министерството за култура на Грција, општината Атина и атинската архиепископија.

Настаните во кои учество ќе земе Бигорскиот монашки хор продолжуваат и следните два дена на различни локации низ Атина. 


Линкови од други медиуми кои известуваат за истиот настан

A1on.mk: Μонашкиот хор при Бигорскиот манастир ќе учествува на Меѓународен фестивал во Атина

MakPres.mk ΜОНАШКИОТ ХОР ПРИ БИГОРСКИОТ МАНАСТИР ЌЕ УЧЕСТВУВА НА МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ ВО АТИНА