Манастирот Бигорски се „разбуди“ во снежна идила – читателка ни ја доловува атмосферата оттаму (фото)

Бигорски се „разбуди“ во снежна идила

Ова место има душа, има посебен шарм, зрачи со некоја магија, а сега обоен во бело е вистинска сцена од зимска бајка. Го посетувате ли често Бигорскиот манастир?

Наша читателка на социјалните мрежи се пофали како утринава се разбудила среде снежна идила во Бигорскиот манастир.

Не можевме, а да не ја контактираме детално преку фотографии да ни ја долови атмосферата оттаму.

За Бигорскиот манастир навистина нема потреба да кажуваме дека има посебна магија, плус обоен во бело е како сцена од зимска бајка.

Бигорски манастир Свети Јован Крстител се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во Западна Македонија.

Станува збор за еден од најголемите духовни центри во Македонија, но и пошироко на Балканот.

Во него својот духовен мир го наоѓаат илјадници души, а молитвите на Игуменот, Епископот г. Партениј и на неговото братство се вистинско богатство за светот.

Манастирот претставува архитектонско ремек-дело, во една чудесна складност со планинските природни убавини во тој крај.

Снежната идила на Бигорски, низ објективот на Црна Рибизла: