Научна конференција „По патеките на Дичо Зограф“ во чест на 1000-годишнината на Бигорски

Свештената Бигорска обител е домаќин на првата долнореканска научна конференција на тема „ По патеките на Дичо Зограф“, што се одржува во чест на големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Тирана, 1 септември 2020 (МИА) – Свештената Бигорска обител е домаќин на првата долнореканска научна конференција на тема „ По патеките на Дичо Зограф“, што се одржува во чест на големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир.

Конференцијата на која учествуваат десетина звучни имиња од македонската научна јавност, се одржува со благослов на надлежен митрополит г. Тимотеј дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на епископ г. Партениј, а во соработка и организација со професот доктор Сашо Цветковски.

– Свеченото отворање на овој научен собир се одржа во дворот на црквата „Свети Петар и Павле“, во селото Тресонче, родното место на Дичо Зограф. Пригоден говор одржа господинот Сашо Цветковски, научен соработник од МАНУ и коорганизатор на конференцијата, потоа академик Живко Попов, а од името на владиката Партениј, учесниците и гостите ги поздрави јеромонах од нашето братство, изјавија од Бигорскиот манастир.

Додаваат дека на отворањето присуствувале научни работници, студенти, тресончани од здружението Брзовец и директорот на националниот парк „Маврово“ Самир Ајдини.

По отворањето, во црквата е отслужена трисагија за покој на душата на великанот Димитар – Дичо Крстев.

– Во великиот синодикон во Бигорскиот Манастир започна и сесијата предавања, а неа ја отвори јеромонахот Кирил, со реферат посветен на првиот Архиепископ Охридски и ктитор на Свештената Бигорска Обител, Светиот отец наш Јован Дебранин, додаваат од Бигорскиот манастир.

Денеска и во следните четири дена свои предавања ќе имаат меѓу другите и проф. д-р Сашо Цветковски, проф. д-р Елизабета Касапова, проф. д-р Васил Ѓорѓиев, проф. д-р Александар Василески.

Димитар Крстев Дичов, попознат како Дичо Зограф, е македонски иконописец, претставник на дебарската школа. Тој е еден од најпознатите иконо и фреско-сликари на Балканот во 19-век.

Во неговиот краток живот насликал повеќе од 2.000 икони за потребите на правоверските цркви, насекаде во Македонија, Србија и Грција. Неговоро творештво означува крај на еден илјадагодишен идејно-естетски систем и почеток на сосем нов период во македонската историја на уметноста.

Во својата дејност тој систематски работи на нови иконостаси, ги обновува и дополнува постоечките, осликува одделни ѕидни површини со живопис и работи на цели ансамбли во новоизградените и доградените цркви и манастири. Карактеристично за неговата дејност е тоа штоиконите ги сликал врз неутрална, најчесто златна заднина, а со тоа повеќе ја нагласувал духовноста на ликовите на светителите.

Роден е во Тресонче во 1819 годна а почнал 1872 или 1873 година. Каде почиваат неговите посмртни останки сеуште не се знае.