Архимандритот на Бигорскиот манастир, Партениј, е добитник на највисокото признание на „Битолски весник“ за трајни вредности, на манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани“ за 2017 година. Ова признание на отец Партениј му беше врачено на свеченото прогласување на најуспешните битолчани, на манифестацијата што по 19-то пат се одржа во Битола, а на која присуствуваа над 800 гости.
– Ви благодарам на сите што вечерва ме опсипавте со таква голема љубов! Ние вечерва со моите браќа, да бидам искрен, направивме навистина една, би рекол, голема отстапка, со тоа што дојдовме тука, бидејќи, како што знаете, во тек е првата седмица од великиот и чесен пост, а ние, монасите, не практикуваме да излегуваме од манастирот во овој период, а особено не во првите денови на постот. Меѓутоа, поради големата чест и упорноста што ја покажа „Битолски весник“ се потрудив да одговорам на поканата, за да не ја повредам љубовта на организаторите. Би сакал да кажам нешто и за наградата, која ми побудува особено силни емоции. Всушност, и самиот нејзин назив, можам слободно да речам, е свештен – трајни вредности. Во апсолутна смисла, единствено Бог е оној што е вечно траен. Јас сум само еден смирен и верен негов слуга, кој преку подвигот на љубовта се труди да го оприсутни божјото постоење меѓу луѓето – најпрво во моето срце, а потоа и меѓу другите. Оваа награда ѝ ја посветувам на една голема наша трајна вредност, за која сите од оваа наша македонска земја треба да се гордееме, а тоа е славната Охридска архиепископија, возобновена во лицето на Македонската православна црква. Охридската архиепископија оваа година го слави своето илјадалетие. Ретко кој народ може да се пофали со еден таков јубилеј. Впрочем, и нашата обител, која беше основана од монахот Јован Дебранин, првиот архиепископ охридски по паѓањето на Самуиловото Царство и втемелувач на архиепископијата, за две години, по божјата милост, ја слави исто така својата илјадагодишнина, и по тој повод уште сега ве поканувам сите битолчани да бидеме заедно на тој голем јубилеј – истакна отец Партениј во своето обраќање до присутните.
Покрај признанието што му беше врачено на отец Партениј, а кое предизвика силни емоции кај присутните гости, вистинско воодушевување кај гостите предизвика и врачувањето на наградата што го носи името на авторот на песната „Битола мој роден крај“, Ајри Демировски, која „Битолски весник“ веќе неколку години посмртно ја доделува во негова чест. Добитник на ова признание годинава е кларинетистот со светска кариера Исмаил Лумановски, кој за да го прими признанието специјално од Њујорк допатува во Битола.
По повод добивањето на признанието, Исмаил Лумановски, заедно со пијанистката Марија Вршкова и кларинтетистот Игор Бакревски, претходната вечер одржа спектакуларен концерт во Големата сала на Центарот за култура.
На манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани за 2017 година“ признанието за животно дело го доби проф д -р Живко Попов, кој во својата медицинска кариера успешно има изведено над 265 трансплантации на бубрези и важи за еден од најдобрите хирурзи за бубрежни болести во државата. Признанието за општествена одговорност го доби проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој минатата година на семејството на Ивана и Јован Трајкови од селото Дедино, во општината Конче, по пожарот што го зафати нивниот дом, им изгради нова куќа.
Со посебно признание на манифестацијата се стекнаа и Трифун Костовски и неговата невладина организација „Човекот пред сѐ“. Вкупно беа доделени 35 награди, од кои 15 во редовните категории, а преостанатите како посебни признанија.
Инаку манифестацијата „Избираме најуспешни битолчани“, која се одржа по 19-ти пат, предизвика огромно интересирање во Битола. И покрај директниот телевизиски пренос, кој се емитуваше на локалната телевизија Тера, присуствуваа над 800 гости, а влезниците за манифестацијата беа продадени дури две недели пред нејзиното одржување.

Автор: М.М.