Книжниот фонд на Бигорската книгохранителница, денес на 28/15 Семтември 2012 л.Г., беше збогатен со значителен број вредни книги од областа на историјата и историската наука, изданија на Државниот архив на Република Македонија. Книгите во манастирот ги донесоа директорот на Архивот, проф. д-р Зоран Тодоровски и негови колеги и соработници, кои благоволија да дадат свој придонес за збогатување на бигорската библиотека. Почитуваните гости беа гостољубиво пречекани од нашиот старец, архимандрит Партениј, кој од името на целото братство им се заблагодари за подарокoт, истакнувајќи дека Бигорската книгохранителница, благодарение на благочестивите дарители, полека прераснува во вистинско национално богатство. Исто така, тој им го покажа на гостите целиот манастирски комплекс, а секако, им ја претстави и идната манастирска книгохранителница, каде што свое место ќе најдат и изданијата на ДАРМ. Посетителите со нескриена радост го изразија своето задоволство од посетата на нашата обител.
- Ознаки:
- Книгохранителница
- Книги
Поврзано
Промоција на книгата: „Само љубов шириш, Христе“
- 3 јуни 2024
Бигорската книгохранителница е чудесија
- 22 април 2022
Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска
- 16 април 2022