Водени од благочестивата желба да дадат свој придонес во градењето на Бигорската книгохранителница, семејството на проф. Александар Ѓ. Тодоровски се реши да подари на нашиот манастир еден значителен дел (околу 500 книги) од богатата библиотека на проф. Тодоровски, познатиот научник и истражувач од светски рамки. Искажувајќи ја својата голема почит кон нашиот старец, архимандрит Партениј, тие ја изразија и својата благодарност што оваа со години создавана збирка на белетристичка литература ќе си го најде местото во Бигорската книгохранителница и така ќе го запази споменот и делото на ценетиот професор.
Уште еднаш срдечно им благодариме на сите што така благородно подарија книги за Бигорската книгохранителница, помагајќи ја на тој начин православната светиња, и се молиме милостивиот Бог да им го прими ова благочестиво дело за радост и полза на нивните души.