Денес кога светата православна Црква молитвено си спомнува за светиот апостол Јаков Брат Божји, во посета на нашиот манастир пристигна г-дин Зоран Теофилоски, заменик претседател на Апелациониот Суд во Гостивар и г-дин Дејан Бошковски, Генерален директор на ЕЛЕМ. Гостите ја искористија можноста што им ја подари овој убав есенски ден да ги видат сите убавини на величествената Бигорска Обител со своите импозантни конаци, возвишени кули, живописни чардаци и традиционални одаи, прекрасни споменици на боговдахновената византиска архитектура. Притоа не изоставија духовно да се насладат од благодатта на Бигорскиот храм и да се поклонат на светите мошти на апостол Јаков, чиј спомен денес го празнуваме. А меѓу другото, игуменот на светата Бигорска обител, нашиот старец, архимандрит Партениј, им ги покажа и завршните работи од обновата на опожарениот Горни Палат. Г-динот Зоран му подари на нашиот игумен една икона со ликот на Мајката Божја за здравје на својата фамилија.
-
Светлиот петок светло прославен во Пречиста Кичевска
- 18 април 2026
-
Да станеме живоносни извори за нашите ближни
- 18 април 2026
-
Света Пасха – трет ден во Рајчица
- 15 април 2026
-
Светол понеделник: Пасхална литија и водосвет
- 14 април 2026
-
-
Празнична средба со градоначалникот на Дебар
- 14 април 2026
- Најчитани објави
-
-
Света Пасха во Бигорски – Христос воскресе!
- 13 април 2026
-
Пасхално послание на Н. Г. Б. Архиепископ Стефан
- 10 април 2026
-
Вечерна на љубовта во Бигорски
- 14 април 2026
-
Светол понеделник: Пасхална литија и водосвет
- 14 април 2026
-
Празнична средба со градоначалникот на Дебар
- 14 април 2026
Житија на светителите
-
Житие на светиот Алексиј, човекот Божји
- 3 април 2026
Чуда на св. Јован
-
Ново чудо во Бигорски
- 3 февруари 2023
-
Чудата на Свети Јован во Бигорски не престануваат
- 7 септември 2022
-
Нови чуда на Свети Јован Крстител во Бигорски
- 29 јуни 2022











